речник контакт

Изработен прв зелен катастар на Велес, пребројани 2,5 илјади дрвја во градот

Реализиран е проектот „Зелен мапа, за зелена заедница“ во која учество земаа 50 млади од Велес

Петар Печков

Промовирани  беа резултатите од проектот „Зелен мапа, за зелена заедница“ , реализиран преку фондацијата „Импакт нет“.  Со него  е изработен прв зелен катастар, мобилна апликација, изработена од млади.  

„Младите од Велес вршеа мониторинг на програма за животна средина на Општина Велес. Се следеше имплементацијата на активности изминатите месеци. Понудивме и конкретни решенија. Се фокусиравме на велосипедски и пешачки патеки, регионална депонија за комунален отпад, и двете беа политички ветувања и ја следевме реализацијата,     зеленилото во градот и  изработивме зелен катастар на градот. а ја потсетам јавноста дека согласно Законот на секоја градежна парцела треба да има 20 отсто зеленило. Треба да има масовно пошумување на голите околини. Конкретно површните на езеро Младост потребни се масовни акции, системски а  не повремени пошумувања. “ - кажа Стеве Дечев, од фондацијата „Импакт нет“ која го реализираше проектот.

При изработката на зелениот катастар биле преброени, 2,5 илјади зимзелени и листопади дрва во градот,  мапирани се 27 површи каде треба да се засадат нови садници.    Проектот е финансиски подржан од Швајцарската влада.

„Работевме на мобилна  апликацијата ќе биде објавена на Google Play Store, , која граѓаните можат да ја симнат  на андроид платформа“ - кажа Иван Трифунов, студент на ФИНКИ.

„Во реализација на проектот вклучивме многу млади, средношколци. Сакавме да го зајакнеме младинскиот активизам. Беа вклучени 50 млади.  Градот беше поделен на четири зони и така полесно се реализираше проектот    Стефан Атанасовски Трајковиќ, член на проектот. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »