речник контакт

Израелците и Палестинците се скараа за црквата во Витлеем, каде се родил Исус

Палестинците бараат УНЕСКО да ја прогласи Црквата на Христовото раѓање во Витлеем на окупираниот Западен брег, за загрозено светско наследство.Израел предупредува дека тоа би бил удар за еврејската држава.

Петар Печков

Во обид Агенцијата на ОН за образование, наука и култура - УНЕСКО, да ја прогласи Црквата на Христовото раѓање во Витлеем на окупираниот Западен брег, за загрозено светско наследство, Палестинците истакнаа дека тоа признавање исто така би било глас за независна Палестина.

Унеско за сега на тоа не реагира, а ни христијанското свештенство не сака такво признавање.

Израел предупредува дека тезата дека едно од најсветлите места во христијанството е загрозено од израелската окупација на Западниот брег, би била удар за еврејската држава.

Овие денови се очекува одлука на состанокот на комитетот на Унеско во Санкт Петербург.

Палестинските лидери велат дека сметаат на поддршка на најмалку 10 од 21 земја и се надеваат дека ќе победат ако се воздржат доволно членки.
Палестинците настојуваат да добијат меѓународно признавање откако пропаднаа обидите да се основа независна држава Палестина низ преговори со Израел.

Преговорите се во застој од крајот на септември 2010 година. Во почетокот на септември истата година обновени се со тешка мака, но пропаднаа по неколку недели, бидејќи Израел не се согласи на условот на Палестинците да се спречи ширењето на еврејските населби на Западниот брег.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во септември минатата година официјално поднесе барање Палестина да стане членка на ОН; но на тоа се спротивставија САД, кои го делат мислењето со Израел дека патот до независна палестинска држава води преку преговарачка маса.

Меѓутоа, нешто подоцна Палестинците се изборија за статус на член на Унеско и покрај противењето на Израел и САД, кои на таа агенција и ја укинаа годишната поддршка од 80 милиони долари.

Палестинската управа на Абас (ПУ) делумно контролира 38 проценти од Западниот брег и се надева дека 20 места на таа територија ќе се прогласат за светско наследство, а Витлеем се смета за кандидат кој најмногу ветува.

Процесот за номинација трае околу 18 месеци, но ПУ се обидува да го забрза со тврдењето дека е загрозена древната Црква на Христовото раѓање, изградена на место каде според христијанското верување се родил Исус, како и патот кој води до неа.

Експерти од комитетот на Унеско ги отфрлија тврдењата за непосредна опасност, со предлог да се почне по редовен пат, што Палестинците го одбија.

Палестинците оваа недела водеа новинари во посета на црквата и на патот на верниците да покажат дека има потреба за итна заштита од ОН.

Тие укажале на оштетувања на црквата во текот на повторната израелска окупација во 2002 година, кога тенкови поминале низ улиците на Витлеем, во борбите со Палестинци замешани во напади на Израелци.

Тогаш израелски војници црквата ја држеле опколена повеќе од еден месец, бидејќи во неа се криеле вооружени Палестинци. Од тогаш Израел подигнал сепарациони барикади и огради за да се одвои од Палестинците на Западниот брег, т.е. како што тврдат за да ги спречат нападите од екстремистите, додека палестинската страна предупредува дека се работи за кражба на палестинска земја, бидејќи оградата на некои места навлегува во палестинска територија.

Сега Витлеем од три страни е опкружен со високи ѕидови и огради, а црквата треба да се обнови, посебно древниот кров кој пропушта дожд.

ПУ мисли дека признавањето од страна на Унеско би помогнало да се соберат пари за реконструкција, но тоа не и е основна грижа туку во прв план ја истакнува израелската окупација.

Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Јигал Палмор рече дека го поддржува принципот, црквата да се воведе во светско наследство, но негира дека таа е загрозена и ги обвинува Палестинците дека ја политизираат дебатата.

Палестинските лидери велат дека Израел и САД лобирале, да се одбие барањето на Палестинците.

Одговорноста за ова сквернавење го делат римо-католичката, ерменската и грчката православна црква. Тие не сакаат да се мешаат на ОН и ПУ во случај ако црквата се прогласи за Светско наследство.

Официјални претставници на ПЛО се обидуваат да ги убедат да не го изразуваат своето мислење пред гласањето кое може да се очекува овој викенд.

текстот е преземен од Танјуг - Белград

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »