речник контакт

Илегално превезувал мигранти, излетал од патот 14 повредени

Мигрантите биле превезувани за 1,5 илјади евра од човек. Утрово откриен уште еден обид, во мерцедес превезувани 9 Сиријци

Петар Печков

14 мигранти се повредени во сообраќајка, откако комбето со кео биле илегално превезувани излетало од патот.   Несреќата се случила  во  неделата 10  минути по полноќ,  близу Велес, на регионалниот  пат Градско - Велес, кај месноста Венуле.    Камионот кој  го управувал скопјанецот Дане С. ( 20 год) од Скопје  при излетувањето удрил во столб од надвозникот,  при што повеќето од  патниците се здобиле со повреди а четворица избегале. Подоцна тие биле пронајдени. Две од лциата се  со потешки повреди остаантеите со полесни.

 

 Ниту еден од пациентите не е витално загрозен.    Двајца од пациентите  се со  тешки телесни повреди, скршеница на карлица и нога. Останатите имаат поситни   повреди  набиеници, гребаници и  сите се здравствено  згрижени.  Пациентот со скрешеница на карлица ќе биде пренесен во Ургентен во Скопје - изјави д-р Петре Кодовски портпарол на велешката Болница.  

Останатите пациенти, мигранти  ќе бидат пренесени во прифатниот Центар  за странци во Скопје. Против возачот  Дане С. ќе биде поднесена кривична пријава за ,,криумчарење мигранти,,.  

Откако полицијата дала знак за сопирање на  товарно возило марка  ,,форд транзит,,  возачот  н наместо да сопре ја зголемил брзината и се дал во бегство. Набргу потоа излетал од патот и удрил во  надвозник од регионалниот пат Градско - Велес.     Возачот се дал  во бегство но бил фатен од страна на полицијата. Во комбето биле затекнатаи 14 лица, мигранти сите повредени   и со возила на итната медицинска помош префрлени во велешката Болница. Подоцна се пронајдени уште четири  лица, кои по несреќата избегале - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.  

14 мигрантите биле од  Сомалија, додека останатите од Сирија и Авганистан. Мигрантите се на возраст од 36 до 15 години. Тие изјавија дека за нивен превоз, секој од патниците платил по 1,5 илјади евра.

 Вчера утро, велешката полиција открила уште еден обид за кримчарење мигранти. Во неделата наутро во 7 часот, кај наплатната рампа од автопатот на делнциата  Демир Капија - Велес, уапсен  е државјанин на Албанија. Тој со возило мерцедес превезувал девет мигранти, сите од Сирија, меѓу кои и три деца од  14, 10 и 8 години.  Против возачот  ќе биде поднесена кривична пријава за  ,,криумчирање мигранти,,.  а лицата по документирање на случајот ќе бидат префрлени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »