Петар Печков
Објавено: среда, 04 декември 2024
Општина Велес набави инвертер клими за општинските основни училишта. Набавени се вкупно 91 инвертер клима за „Св. Кирил и Методиј“, „Васил Главинов“, „Блаже Конески“, „Стојан Бурчевски Буридан“ од Иванковци, „Панко Брашнаров“и во основното музичко училиште „Стефан Гајдов“.
„Со оваа инвестиција значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставата во сите годишни времиња“ – објави на ФБ градоначалникот Марко Колев.
Наредните денови клима уредите ќе бидат монтирани во училиштата, според бројот на училници. Во дел од основните училишта и во сите средни, има инсталирано фотоволтаици.
Tweet |