речник контакт

Индиски бизнисмен во посета на Велес, со хеликоптер

Ќе резултира ли посетата со инвестиција?

Петар Печков

 Многу врева   меѓу велешани  крена пладневното  слетувањето на полицискиот хеликоптер на Градскиот стадион во Велес. Ова предизвика чудење и интерес, бидејќи  ваков нешто досега се нема случено. Сепак информациите велат дека во градов бил индиски бизнисмен, што го потврдија и од локалната власт на општина Велес. Тој во градов престојувал со претставници на Владата одговорни за привлекување на странски инвестиции.

Попладнево во посета на локалната власт на општина Велес беше индиски бизнисмен, кој престојува  во Македонија. Тој оствари средба со градоначалникот на Велес, Горан Петров при што беше запознаен со можностите за инвестирање  во општина. Потоа на гостинот, на Градскиот стадион дел од велешкиот фудбалски подмладок им ги покажаа нивните  вештини. Од таму со хеликоптер и си замина за Скопје - изјавија од локалната власт на општина Велес. Почитувајќи ја желбата на гостинот од Индија, домаќините со хеликоптер на МВР денес го донесоа во Велес. Како дојде, гостинот така и замина со хеликоптер.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »