речник контакт

Инспекцијата дојде, задачите поделени за СЕХА лигата

Ако салата Гемиџии биде домаќин, прв натпревар е против Загреб

Петар Печков

Во салата Гемиџии престојуваше инспекција на СЕХА Лигата, по најавите на РК Металург дека сака средбите од ова квалитетна регионална лига да ги игра во Велес.

Комесарот на лигата Марјан Начевски  им ги посочи задачите кои Металург како домаќин заедно со раководството на  салата Гемиџии треба да ги направи во наредниот период.

На прашањето дали Металург ќе игра во Велес, Начевски кратко одговори: ,,Ако се исполнат условите и барањата  кои сега и посочивме,, .  Тој најави дека повторно ќе дојде во салата, за да види како е постапено по поставените услови.

Доколку  се одобри Металург да игра во Велес, негов прв натпревар ќе биде со екипата на Кроација Осигурање на 21 септември.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »