речник контакт

Инспекција на складиштата за дрво во Велес

Шумската инспекција затвори две приватни складишта во Велес по извршената проверка на три за потеклото на дрвата во нив.

Петар Печков

Шумската инспекција затвори две приватни складишта во Велес по извршената проверка на три за потеклото на дрвата во нив. Кај нив е пронајдено дрво, кое  е сечено на диво без дозвола.

- При контролата на складиштата во градот констатиравме дека кај некои од нив има нежигосано дрво , што е во спротивност со законската процедура. При извршените проверки само 10 до 15 проценти е жигосано дрво, наспроти законскиот минимум од 80 отсто. Поради ова дрвото ќе биде одземено а против сопствениците и одговорните лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави - изјави Марјан Мицев раководител на секторот државен инспекторат за Шумарство и лов.

Ова нивна акција е реализирана со пазарната  инспекција и таа ќе продолжи со сите складишта во градот и околината. Се проценува дека при оваа акција ќе бидат одземени 150 метри кубни огревно дрво. Тоа е бесправно исечено во шума по што се конфискува.

- Според наши проценки ова бесправно сечено дрво е од дивите складишта во селото Бузалково и тоа е слеано во Велес. Вакви акции ќе продолжат и ќе дадат ефект - изјави Звонимир Јаневски командир на шумската полиција Скопје.

Според него малиот број на шумски полицајци во велешко, четворица кои покриваат голема површина  е причина дрвото да се сече надиво. Поради ова е укинат е и пунктот на планината Бреза, кој фунционирал добро, по што голем дел од шумите на оваа планина се опустошени.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »