речник контакт

Интервју со Владимир Темелков, ракометен репрезентативец

Ракометниот репрезентативец Влатко Темелков по завршувањето на СП кое се одржа во Хрватска и освојувањето на 11-тото место, на кратко дојде во родниот град да се види со неговите родители и брат, да ја почувствува радоста за постигнатиот успех.

Петар Печков

Ракометниот репрезентативец Влатко Темелков по завршувањето на СП кое се одржа во Хрватска и освојувањето на 11-тото место, на кратко дојде во родниот град да се види со неговите родители и брат, да ја почувствува радоста за постигнатиот успех. Тој е презадоволен од постигнатото, вели дека можеби можеше и некое место погоре и најавува можност наесен да се пресели во најсилната лига во светот, првата германска.

         Како се чувствуваш, ден по завршувањето на настапот на македонската селекција на Светското првенство?

  • Пресреќен сум од постигнатото, кога видов колку народ не пречека на аеродром, колку луѓето се задоволни и радосни од нашите игри. Убаво беше да си македонец и во Вараждина и во Задар, каде дојдоа многумина да не бодрат. Среќен сум бидејќи направивме добар резултат, игравме добро и колку што можевме, дадовме максимум. 11-тото место е голем успех за нашата репрезентација.
\"\"

       Дали си задоволен од  пласманот?

  • Ден потоа, сум задоволен. Можеби можевме на еден од трите натпревари во Задар да победиме во вториот круг, имавме можност со малку повеќе среќа и искуство да стигнеме и до повисок пласман. Можеби на средбата со Норвешка судиите не украдоа, но кога се ќе се собере, за повеќето ракометари, меѓу нив и мене, ова е прво големо натпреварување. 11-тото место ако некој ни го даваше пред почетокто на првенството ќе бевме презадоволни.

       Дали си задоволен од минутажата, третманот и твоите игри во македонскиот дрес во Хрватска?

  • Презадоволен.

\"\"

      Твоите натамошни репрезентативни планови. Може ли Македонија да го надомести киксот со Естонија и загубениот бод во квалификациите за ЕП во Австрија?

  • По ова првенство имаме повеќе самодоверба, видовме дека можеме да се носиме со сите светски репрезентации. Со Полска, Германија, Русија, Норвешка, Данска се носевме рамноправно, никој не не надигра. Следниот важен натпревар е во март против Исланд, тука е Норвешка, имаме тешка група но знам дека ќе дадеме се од себе и големи се шанси догодина да се пласираме на Европското во Австрија.

       Остануваш верен на екипата TV 08 Willstatt за која настапуваш во Германија?

  • По враќањето назад, за некоја седмица ќе се знае дали останувам во истата екипа или преминувам во најсилната лига. Зависи од понудите и нивната изводливост. Задоволен сум од третманот во клубот.

       Дали се привикна на животот во Германија?

  • Имам сопруга германка Хелена и шестмесечен син Ник. Одлично сум примен, многу пријатели стекнав. Имам добар живот кој секој човек го посакува и затоа сакам таму да останам.

      Доаѓаш често во Велес?

  • Една годишно, на лето. Поради обврските со ракометот, доаѓам додека е паузата во првенствата, да се видам со фамилијата, пријателите, да се одморам, пробам македонска кујна. А поради ракометни обврски со репрезентацијата доаѓам 3-4 пати, но тоа е накратко. Во Германија го најдов мојот живот и таму се исполнив.

Владимир Темелков роден 26.03.1980 во Велес

Има 57 настапи за македонската репрезентација

Постигнато 138 гола од кои 35 на СП во Хрватска и беше втор стрелец на македонската репрезентација, по Кирил Лазаров

Висина  185 цм      тежина 83 кг

\"\"

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »