речник контакт

Инфективното одделение на велешката Болница е подготвено да прими сомнителни случаи на корона вирус (фото)

Издвоени се пет соби со петнаесет кревети за сомнителните случаи на корона вирус

Петар Печков

Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес е подготвено да ги прими сомнителните случаи на корона вирус,најавија надлежните од оваа здравствена институција.  Ова доаѓа откако Министерството за здравство инфективното одделение во Велес,  заедно со тие во Штип и Гостивар ги прогласи како изолациски центри и карантински единици.  

Подготвени сме да примиме сомнителни случаи. Еден кат, цел блок е изолиран, затворен за комуникација  со останатиот дел од одделението.  Има засебна амбуланта, со посебен влез и пристап за санитетско возило.  Имаме пет соби со по три кревети,има работна соба за медицинските сестри,  и целиот материјал кој е потребен. Опремени сме со заштитни маски, скафандери, калјачи, капи, ракавици, дезинфекциони средства  - кажа инфектологот д-р Силвана Мишкова, началник на инфективното одделение на велешката болница.  

Три доктори од ова одделение се на располагање на потенцијалните пациенти.  Директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес објасни зошто е одбрано велешкото инфективно одделение, заедно со тие во Штип и Гостивар како изолациски центар. 

Од разговорот со министерот за здравство Филипче бевме информирани дека овие центри се избрани, бидејќи тие инфективни одделенија се издвоени од главната зграда на Болницата. Министерот најави дека ако има потреба од зголемен број на доктори, ќе се реагира правовремено  - изјави директорот д-р Божидар Бојаџиев. 

фотографиите не смеат да се превземаат без дозвола на порталот ТрМр

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »