речник контакт

Инфраструктурата патот кон Бузалково и Иванковци, цевкводот кон езерото, не се заборавени, но забавени

Најавените големи инфраструктурни зафати во општината не се стопирани, туку само чекаат отстранување на техничките недоследности и доаѓање на подобри временски улови.

Петар Печков

Најавените големи инфраструктурни зафати  во општината не се стопирани, туку само чекаат отстранување  на техничките недоследности и доаѓање на подобри временски улови. Ова се однесува на изградбата на цевководот кон езеро Младост и изградбата на патните правци кон Бузалково и Иванковци. Тоа е објаснувањето од локалната власт, која првично на прес конференции ги најави започнувањето на овие градежни активности, но во минута до 12 општината се повлече, без  објаснување тогаш.

Патот кон Бузалково ќе почне да се гради кога  изведувачот ќе има технички можности, бидејќи започна зимската сезона па сопрени се градежните активности,. Штом ќе се создадат услови, во рана пролет. Ќе се започне со активностите. Нема никакви  технички недоследности ниту отворени прашања за постапката  - рече градоначалникот  Горан Петров.

Рок на изградба на патот  е неколку месеци и локалната власт најавува дека на почетокот од летото тој правец ќе биде завршен. Во истиот период ќе започне и треба да заврши  и патот Јазла – Иванковци.  Двата патни прави се во должина од по 10 км. И на нив ќе има проширување.

Стопирана беше и изградбата на цевководот кон езеро Младост, од кредитот кој го зема општина Велес за водоснабдување на околните со квалитетна вода за пиење. Причина за застојот се измени на трасата. Правна процедура е диктирана од  Светска банка  и таа мора да се почитува.

Откако се заврши се со тендерската документација, направена и  измена на клучката од автопатот Велес – Прилеп. Досега се оперираше со магистрален пат а сега со автопат. Тоа значи дека заштитните појаси, бидејќи е автопат, сега се пошироки  и затоа мораше да се измени и  дел од трасата. Истото тоа се случи, измена на трасата и со цевководот за полнење на езерото Младост од ХС Лисиче. Очекувам дека набргу ќе се продолжи со постапката, која зависи од Светската банка од каде го земавме кредитот. Останува дали Светската Банка ќе дозволи со истата постапка изведувачот да го гради цевководот, или ќе треба да се распише нова  објава – вели Петров.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »