речник контакт

Истата книжарница ја снабдувала Општина Велес и лани и годинава но цените драстично различни

Книжарницата ,,Ива 2003,, годинава со далеку пониски цени, од ланските

Петар Печков

Со пребарување на веб страната за Јавни набавки во Македонија, може да се констатира дека истата фирма која Општина  Велес минатата година ја  снабдувала со канцелариски  материјал по  астрономски цени, од годинава повторно е добавувач.

Но овој пат со далеку пониски цени, од ланските Тоа е книжарницата ,,Ива 2003,,.  Оваа информација ја потврди и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.   

Точно  е дека истата фирма повторно е избрана на електронското наддавање, но годинава  со  пониски цени отколку претходните. За истите артикли сега има понудено далеку, далеку пониски цени. Очекувам надлежните државни  органи да утврдат дали има елементи за кривично  гонење, за големата штета што и е нанесена на Општина Велес, заради нерелано високите цени кои се далеку од  пазарните. Ова се однесува  за  дел од производите кои биле набавувани  - одговори   на  новинарското прашање градоначалникот Коцевски.  

Така фотокопирната хартија  А4 еден топ  книжарница  ,,Ива 2003,, лани ја фактурирал  по 208,63 денари а сега на нов теднер  по 139,13 денари.  Најлонските папки претходно ги продавал по 284, 48 сега 84,2 денари. Малите ковертите 2,85 парче а сега кај истиот  добавувач чинат  0,84 денари, ковертите средни од  5,69 денари а сега се набавувани по  1,68 денари. Архивските кутии лани чинеле   189,66  а годинава цената кај истиот добавувач  паднала на 84,2 а втор вид регистратори  цената  од 104,31 паднала на  47,7 денари. 

Коцески претходно  објасни дека  книжарницата  ,,Ива 2003,,  го добивала тендерот со тоа што  нудела екстра ниски цени за работи кои локалната власт никогаш не ги порачала а високи цени за артикли, кои  постојано се порачувале.   

Така со средна цена, пониска од конкуренцијата  победувала на тендерите. На овој начин добавувачот  се здобивал   екстра добивка,  но не е познато каде таа  завршувала, бидејќи Коцевски смета дека тоа е договарано  со  помош на некој од внатре од вработените.  За илустрација кажа дека  некои производи, кои биле нудени во тендерот за екстремно ниски цени, никогаш не  биле  порачани.   

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »