речник контакт

Историјата на автомобилот на Папата

Папамобил - од скромен превоз до мобилна тврдина

Петар Печков

Од кога папата Франциск го почна својот понтификат го привлече вниманието со својата скромност и откажување од луксузот кој инаку беше достапен на сите папи. Една од тие привилегии, или подобро кажано потреби е и препознатливиот папамобил. Со тек на времето ликот на папамобилот се менуваше, од луксузни продолжени лимузини до камиони, па се до посебно прилагоден СУВ возила.

Самиот поим за папамобил се појавува дури за време на понтификатот на папата Иван Павле втори, но таквите автомобили и превозни средства биле во употреба на официјални посети на папите и пред тоа.

Првиот папамобил бил седло на гестатон, или поточно столица која придружувачите на папата го носеле на своите рамена. Откако папата Павле шести ја укинал оваа традиција, уште од почетокот на 20 век многу производители на автомобили подготвувале посебни автомобили за превоз и посета на папата.

Папамобилот М класа кој претходниот папа Бенедикт шеснаесети неодамна го презема на користење, само е последен во долгиот низ на посебно дизајнирани Мерцедес Бенц модели кои до сега биле во служба на Светиот отец. Мерцедес Бенц почнал соработка со Ватикан уште пред 80 години кога папата Пио единаесети користел Мецедес Нурбург 460 Пулман во дамнешната 1930 година.

Актуелниоит папамобил Мерцедес Бенц М класа е опремен со зајакната купола во која папата може полесно да влегува, а во неа има и пошироко место од порано. Многу верници кои папата го дочекуваат ширум светот ќе имаат и подобар поглед на папата благодарение на поголемите стаклени, но блиндирани панели, како и осветлениот кров на куполата. Актуелниот папамобил секако во куполата има и посебно дизајниран престол со вшиени назнаки на Ватикан.

Меѓу најинтересните претходници на супермодерниот папамобил темелен на М класа, секако спаѓаат скромната СЕАТ Панда која целосно беше отворена и која се користела за посети на папата на Шпанија. Праксата на употреба на отворен папамобил значително се намалила по обидот за атентат на папата Јован Павле Втори во 1981 година.

Целосна спротивност на скромниот и едноставен СЕАТ секако е Линколн Континентал, кој посебно е произведен во компанијата Леман-Петерсон во 1964 година, а употребен е за посета на папата на Њујорк во 1965 година и на Богота во 1970 година.

Меѓу најелегантните и најлускузните папамобили секако спаѓа Мерцедес Бенц 600 Пулман Ландаулет од 1965 година. Тој посебно бил произведен за папата Павле шести и служел уште на тројца папи додека не бил повлечен од употреба во 1985 година. Иако настанал во дамнешната 1965 година, овој автомобил имал супер удобна светла купола, клима уред, серво кочници и слична опрема која тогаш тешко можела да се замисли во автомобилите. Секако, покрај тоа имал и посебни блиндирани стакла, но и седиште за папата кое при поздравување на јавноста се издигнувало од својата стандардна положба.

Меѓу најнеобичните папамобили секако спаѓаат камионите кои биле посебно прилагодени за потребите на папата, каде се истакнуваат серија Д на Форд, кој бил користен во посета на Ирска во 1979 година, но и полскиот ФСЦ Стар кој папата Иван Павле втори го користел во посета на својата земја.

 текстот е преземен од klix.ba

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »