речник контакт

Историја за настанокот на календарот, се за календарот

Денес часот и календарот станаа нешта без кои е невозможно да се организира животот. Еве ја историјата за настанокот на календарот

Петар Печков

ЈУЛИЈАНСКИ КАЛЕНДАР
Јулијанскиот калнедар го вовел Гај Јулије Цезар 45 година пне и се користел во цела Европа до 16 век кога се преминало на Грегоријанскиот календар. На првиот екуменски собор во Ница во 325 година христијанската црква го прифатила Јулијанскиот календар како основен календар. Должината на траењето на годината според Јулијанскиот календар изнесува просечно 365¼ дена, што се постигнува со уфрлување на еден дополнителен ден секоја четврта година.

Јулијанската година е нешто подолга од тропската, а оваа разлика се акумулира на еден ден секои 128 години.
Според Јулијанскиот календар секоја година чиј број се дели со 4 е престапна и содрижи 366 дена, додека останатите содржат 365 дена. По воведувањето на Јулијанскиот календар 45 година пне, прво по грешка секоја трета година била престапна а од 8 и  12 и понатаму секоја четврта година.

Откако грешката во календарот била забележана, цар Аугуст наредил исфрлување на сите престапни години меѓу 9 пне и 8 пне, со што заслужил еден месец да се нарекува по неговото име. Треба да се има предвид дека во ова време годините се уште не се броеле од раѓањето на Исус Христос, туку од основањето на Рим во 753 година пне, па среќна околност е што за престапни години се земени токму тие што се делат со 4, броено од раѓањето на Исус.

Јулије Цезар прво одредил сите непарни месеци да имаат по 31 ден, а парните по 30 освен февруари кој во обична година имал 29 дена, а 30 во престапна. Месеците се нарекувале. Јануариус, Февруариус, Мартиус, Априлис, Маиус, Јуниус, Куинтилис, Секстилис, Септембер, Октобер, Новембер и Децембер.

Годината 44 пне месецот Куинтилис бил преименуван во Јулиус денешен Јули, во слава на Јулије Цезар. Во годината 8 пне, одлучено е еден месец да се нарекува по царот Аугуст, и бидејќи тој најмногу воени победи имал во месецот Сектстилис, овој месец е наречен по него, Август.

Уште од 13 век на Аугуст се припишува дека на својот месец додал еден ден за да биде еднаков со Цезаровиот, меѓутоа такви должини имало дури и пред Цезар. Јулијанскиот календар не бил совршен и неговата грешка се зголемувала на еден ден на секои 128 години. Тоа подоцна било забележано па на соборот во Ницеја во 325 година било одлучено од календарот да се исфрлат три дена кои ја претставуваат акумулираната разлика. Бидејќи Јулијанскиот календар и понатаму останал непроменет, разликата до 16 век се акумулирала на 10 дена. Кога ова го забележале, астрономите се одлучиле да изработат нов календар кој ќе биде попрецизен.

Освен тоа, требало да се исфрлат 10 дена кои биле вишок во календарот. Тоа било постигнато со воведувањето на Грегоријанскиот календар.
 

ГРЕГОРИЈАНСКИ КАЛЕНДАР
Грегоријанскиот календар, денес во најширока употреба е модифицирана верзија на Јулијанскиот календар. Предлогот го изработил неаполски доктор Алојсис Лилиус, а на 24 февруари во 1582 година со указ го прогласил папата Гргур 13, според чие име е наречен календарот. По совет на германскиот астроном Кристоф Клавиус (1538-1612) и неаполскиот физичар астроном Алојсис Лилиус (1520-1576) папата Гргур 13 (1502-1585), 24 февруари во 1582 година објавил реформа на тогашниот постоечни Јулијански календар, со папска була Интер Грависимас наречена по првите два збора од нејзиниот текст.
 
Папската була ги содржела следните одредби:
 

■ Од календарот ќе се отстранат 10 дена, така по четвртокот на 4 октомври 1582 следи петок 15 октомври.
■ Престапна е секоја година што се дели со 4, освен годините деливи со 100 кај кои се престапни само тие што се деливи со 400.
■ Престапната година има еден ден повеќе од обичната година, кој се става на крај на месец февруари.
■ Прв ден во годината ќе биде 1 јануари.

Овој нов календар е наречен по папата Гргур, Грегоријански календар. Според него просечната должина на траење на годината е намалена на 365,2425 дена Разликата меѓу Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар е таа што Грегоријанскиот календар има 97 престапни години во секои 400, а Јулијанскиот 100.

Во Грегоријанскиот календар воведено е т.н. Секуларно правило годините деливи со 100 или секуларни години да бидат прости, освен ако се деливи со 400, а во тој случај се престапни. Тоа значи дека годините 1700, 1800, 1900, 2100, итн, да се престапни по Јулијанскиот, а прости по Грегоријанскиот календар. Денес разликата меѓу двата календара изнесува 13 дена, а по 2100 година ќе се зголеми на 14 дена (што значи дека православниот Божик од тогаш ќе биде на 8 јануари).

Кога папата Гргур во 1582 година го вовел новиот календар, него веднаш го прифатиле Италија, Полска, Португалија и Шпанија, а набрзо и сите други католички земји. Протестантските земји преминаа на Грегоријанскиот календар многу подоцна, а православните дури во 20 век, со тоа што православните цркви никогаш не преминаа на овој календар.
 

БРОЕЊЕ НА ГОДИНИТЕ
Во христијанскиот календар годините денес се бројат од (претпоставената) годината на раѓање на Исус Христос. Во 523 година папскиот намесник Бонифицие наредил на монахот Дионизиј Мало да го одреди начинот како ќе се спроведува т.н. Александринско правило донесено на првиот васељенски собор во Никеја во 325 година, а кое вели дека годините ќе се бројат од раѓањето на Исус Христот.

Дионизије (погрешно) пресметал дека Исус е роден на 25 декември во 753 година од основањето на Рим и одредил христијанската нова ера да почне на први јануари во 754 година која е наречена 1 година од новата ера. Како Дионизије го установил денот на раѓањето на Исус не е познато, но се претпоставува дека Исус е роден во време на владеењето на царот Ирод Велики кој умрел во 750 година од основањето на Рим, што значи дека Дионизије погрешил за најмалку 3 години.

Иако ова набрзо било откриено, ваквото погрешно броење на годините се задржало до денес. Со оглед на тоа дека христијанската ера почнува од (наводното) раѓање на Исус Христос, на прв поглед изгледа нелогично дека тој е роден на 25 декември, а не на 1 јануари. Меѓутоа, тоа е нормално бидејќи во тоа време бил одреден денешниот распоред на месеците и бројот на деновите во нив, и би било нелогично да се поместуваат.

Подоцна луѓето годините пред раѓањето на Исус почнале да ги нарекуваат години пред новата ера, но бидејќи нулата до тогаш се уште не била позната, 1 година од новата ера следи веднаш по 1 година пне.
.

НОВА ГОДИНА
Кога Гај Јулије Цезар го вовел Јулијанскиот календар, 1 јануари го одредил за почеток на нова година наместо 1 март кој се користел до тогаш. Бидејќи црквата остро се противела на прослави за нова година со многу алкохол, на Тридентскиот каунсил во 567 година, било утврдено 1 јануари како почеток на нова година дека е земен по грешка и дека треба да се промени.

Во Византиското царство почетокот на годината се сметал од 1 септември, но годините не се броеле од раѓањето на Исус, туку од настанокот на светот, за кој се тврдело дека бил на 1 септември во 5509 година пне. Од 17 век многу држави се вратиле на почетокот на годината на 1 јануари, освен Италија и Англија кои на 1 јануари се вратиле дури во 1750 година. Меѓутоа, кога се во прашање престапните години, тие секогаш се пресметувале земајќи го 1 јануари за почеток на годината.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »