речник контакт

Источен петок Балаклија

Илјадници велешани го посетија манастирот Св Димитрија а малкумина од нив знаат дека негова слава е денот Источен петок Балклија. Што тој значи?

Петар Печков

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок - Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок. Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори. Според легендата изворот Балаклија, поврзан со името на Пресвета Богородица, се наоѓал во близината на Цариград и во него имало златни риби.

Со овој извор и со чудата што се случувале од неговата вода се поврзани поголем број народни преданија.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »