речник контакт

Исчистени дивите депонии во велешко

Собрани 252 м2 отпад

Петар Печков

Изминатиот период ЈКП Дервен изведе акција за чистење на дивите депонии во велешко. Се работело на повеќе локации, како што се:  брег на река Вардар брег на река Тополка  во непосредна близина на ОХОХО, брег на Битолска пруга во градското подрачје, патот за населба Дурутовец.  Годинава за прв пат е спроведено и  чистење на околината на село Црквино

Се спроведе чистење на дивите депонии со отпад кои се наоѓаа на левата страна на пристапниот пат кон село Црквино, во непосредна близина на природен извор на вода и на стариот пат село Црквино - село Бабуна. Оваа депонија која многу години се користеше од страна на жителите, се наоѓаше на сртот на висорамнина, со опасност за свлекување на комуналниот отпад при поголеми атмосферски влијанија до реката Бабуна - изјавија од локалната власт на  Општина Велес.  

Оваа активностна чистење на дивите депонии, е според  Програмата за управување со отпад за 2016 година.  Надлежните апелираат до  граѓаните соодветно да постапуваат со отпадот кој го создаваат, за да се спречи загадувањето и да се подобри квалитетот на живеење.

Во рамки на оваа акција со чистење на овие депонии животната средина се растерети од 252 метри кубни отпад кој е транспортиран и соодветно одложен на општинската комунална депонија и депонијата за земја, шут и друг отпаден градежен материјал.  - додаваат надлежните од Општина Велес. Овој месец ЈКП Дервен бесплатно го изнесува и габаритниот  отпад од домовите на велешани. Доколку сакаат семејствата   можат да се ослободат од мебел, преку санитарии па до дограма. 

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »