речник контакт

Итната помош со ново амбулантно возило (фото)

Возилото е набавено и обезбедено од Министерството за здравство и е предадено на ЈЗУ Здравствен дом Велес

Петар Печков

Велешкиот ЈЗУ „Здравствен дом“ доби ново амбулантно возило. Истото е обезбедено од страна на Министерството за здравства и предадено  за потребите на здравството од градот.

„Добивме ново возило. истото ќе го користи службата за Итната помош. Тоа е марка Цитроен производство 2021 година. Се надевам дека ќе одговори на потребите на службата за транспорт на повредени и болни“ - кажа д-р Виолета Петкова, в.д.  директор на Здравствен дом.

Ова е второ возило марка Цитроен, кое го има во возниот парк Итната помош, претходното беше набавено на истекот на ланската година. Оваа служба на располагање има уште две комби возила, вкупно четири и две мали санитетски возила, за интервенции низ град.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »