речник контакт

Иџе ги советуваше младите велешани да возат безбедно

И јас возам брзо, ама само на патеките не низ град

Петар Печков

Европскиот првак во автомобилизам во ридско возење Игор Стефановски Иџе, беше во Велес каде во салата Гемиџии ги советуваше младите велешани. Тој е во  посета на македонските градови, каде на младите им ги пренесува неговите искуства со брзиниет, но пред се ги потсетува дека не е се во брзината.  Кампањата е именувана  „Шапионот обединува – насмевка, живот, едукација“.

Јас брзото возење го практикувам таму каде му е местото, на патеката, не по градските улици. Преку овие трибини сакам да се зголеми сообраќајната култура. Сведоци сме дека е присутна сообраќајна некултура. Апелирам да се почитуваат сообраќајните знаци и правила. Треба да придонесеме сите заедно за побезбеден сообраќај – изјави Стефановски. 

Тој заедно со неговиот тркачки тим и автомобилот со кој победи беа мамка за младите, кои ја наполнија едната трибина во салата Гемиџии. Љубителите на брзото возење можеа да седнат на тркачки симулатор  и да возат на виртуелна тркачка патека. 

За присутните имаше претставување на повреден во сообраќајка, кои своето искуство го сподели со младите. Колку организторот внимавал на се, покажува и тоа што  обраќањето на гостите, беше преведувано со толковен јазик за лицата со оштетен слух. Гостувањетона Стефановски во Велес  беше со помош на локаланта власт и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

 Секогаш кога се брза, не се стигнува прв на целта. Тоа е стара вистина. Како локална самоуправа преземаме се за да имамее безбедно возење по улиците на Велес.Правиме се да не се случуваат сообраќајки – рече Чадиев. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »