речник контакт

И, најскапиот град на светот е

Кој е наскапиот а кој најефтиниот главен град со светот? Одговорот е во текстот во продолжение. Каде е Скопје?

Петар Печков

Токио е најскапиот град на светот за странците кои живеат таму - додека Карачи, пристаништето и финансискиот центар на Пакистан е најевтиниот за живеење, се наведува во анкетата „Трошоци на живеењето“ кое го спроведе Мерсер.

Нешто што изненадува е Луанда, главниот град на Ангола, кој е втор најскап град на светот според странците.

Повеќето британски градови станале поевтини за странците и покрај високата инфлација во изминатата година, но и воглавно затоа што доларот сега е посилен во однос на фунтата.

Велика Бритаија

Во Велика Британија, Лондон, кој се наоѓа на 25-то место на листата, е се уште најскапиот град за странците кои живеат таму, но во однос на минатата година падна за седум места. На 133=то место е Бирмингем, кој се искачи 17 места погоре и го надмина Абердин (144) и Глазгов (161), а и двата паднаа неколку места подолу. Белфаст (165) е британскиот најмалку скап град, но годинава се искачи за 13 места подгоре на листата.

„И покрај поскапувањето на цените на добрата и услугите, повеќето британски градови годинава се подолу рангирани, заради паднатата вредност на фунтата во однос на доларот. Сепак, Бирмингем и Белфаст го предводат трендот и се искачија на листата најмногу затоа што цените за изнајмување за странците кои живеат таму поприлично скокнаа, а тоа зголемување во овие градови е повисоко отколку, да речеме, во Лондон или Глазгов“, рече Милан Тејлор, шеф за услуги за производи и податоци во Мерсер, за Велика Британија и Ирска.

Анкетата за трошоците за живеење во 214 градови, беше составена од одделот за човечки ресурси во Мерсер, каде се направија споредби на цени за 200 секојдневни нешта, како што се храната, облеката, транспортот, домувањето и забавата низ светот, заедно со моќта на локалните валути во однос на доларот. Домувањето најчесто е најголемиот трошок за странците и затоа и важен фактор во рангирањето. Њујорк е земен како град модел.

Споредбените трошоци за живот дадени во фунти, покажуваат дека обичен билет за кино за странски филм во Лондон чини 12 фунти, но само 8,37 во Париз или 6,28 во Рим, 6,7 фунти во Мадрид и 7,97 фунти во Луанда. Сепак поради високата цена на увозните добра во Африка и Азија, чифт фармерки во Лунда чинат 112,03 фунти - наспроти само 80 во Лондон и 71,09 во Берлин. Месечното изнајмување луксузен апартман во Лондон чини 2.800 фунти, додека во Луанда е 4.114,24, во Париз чини 1.924,82, 1.506,3 фунти во Рим и Амстердам, 1.004,20 во Берлин - и само 753,15 фунти во со криза погодената Атина.

Натали Константин Метрал, директор во Мерсер која секоја година е одговорна за составување на рангирањето, рече: „Кога ќе споредиме со Њујорк, кој е нашиот модел град, во изминатата година многу европски градови поевтинија во трошоците за живот. Некои исклучоци се однесуваат на покачените цени за изнајмување станови или заради покачените даноци кои го поскапеа животот“.

„Во северна Америка, повеќето градови се искачија погоре на листата, а доларот е посилен во однос на голем број светски валути. Во Азија, повеќе од 6 од 10 градови се искачија на листата, меѓу кои и сите акетирани градови во Австралија, Кина, Јапонија и Нов Зеланд. Градовите во Австралија и Нов Зеланд се меѓу оние кои најмногу скокнаа погоре, затоа што нивните валути станаа прилично посилни во однос на американскиот долар“.

Даунандер

Австралија и Нов Зеланд, кои вообичаено се популарни меѓу Британците, станаа поскапи најмногу заради пораснатата вредност на австралискиот и новозеландскиот долар, но и заради повисоките цени за домувањата/.

Сиднеј (11) и Мелбурн (15) имаа релативно умерено искачување на листата, за три односно шест места, а Перт (19) и Канбера (23) скокнаа за 11 места. Бризбејн (24) скокна за седум места, а Аделаида (27) скокна за 19 места. Австралија сега има три града меѓу 20-те најскапи градови во светот. На Нов Зеланди, Оукленд (56) и Велингтон (74) скокнаа за фантастични 62 места.

„Скокот на новозеландските граови следи по големото покачување на цените за домување и побарувачката, заедно со посилниот локален долар“.

Европа

Позиционирана на четврто место во светот, Москва останува најскапиот град во Европа за странците, а по него следат Женева и Цирих. Со неколу исклучоци, сите останати европски градови паднаа во рангирањето, најмногу заради послабото евро и другите локални валути.

Посебно за Британците, чија фунта во изминатите месеци порасна во однос на еврото, континентална Европа стана многу поевтина. Париз (37) падна за десет места, додека Милано (38), Рим (42), Стокхолм (46), Виена (48) и Амстердам (57) сите отидоа надолу помеѓу седум и 13 места. Хелсинки (65) и Прага (69) паднаа дури и повеќе, за 23 односно 22 места на листата. Брисел (71) падна за скромни седум места, а по него е Даблин (72) кој падна 14 места. Рангиран на 207-то место, Скопје во Македонија е најевтиниот град за странците во Европа.

Блискиот исток и Африка

Тел Авив (37) е и понатаму најскапиот град на Блискиот исток за странците, и покрај тоа што во 2011 опадна за седум места.

Покрај Луанда во Ангола, главниот град на Чад, Џамена, Либревил во Габон, и Картум во Судан, стојат далеку највисоко на листата. Констанитнн Метрал вели, „Изненадувачки е да се видат 20 африкански градови во првата третина од листата. Главната причина за ова е тоа што таму тешко може да се најде добро и  безбедено домување за странците. Па така, ограничениот број на достапни домувања е многу скап. Цените на увезените странски добра е исто така висока, што придонесува многу регионални градови да се искачуваат на листата“.

 текстот е преземен од aol.co.uk

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »