речник контакт

И Велес се стори со книжарница

По 15 години и многу текстови на оваа тема на ТРМР, градот доби книжарница, со повеќе илјади наслови, за сите возрасти, категории граѓани и по пристапни цени.

Петар Печков


Во Велес  беше отворена прва книжара на Издавачката куќа „Просветно дело“ од Скопје, што истовремено е и прва книжараница исклучиво за книги во Велес.

Тале Петров генерален директор на Издавачката куќа „Просветно дело“ изјави дека се одлучиле на овој чекор бидејќи отсекогаш во Велес имало голем интерес за нивните изданија.

- Ние ширејќи го својот асортман на изданија за сите возрасти одлучивме да отвориме свои салони, во цела Македонија. Овој во Велес ни е 14 - ти, а ни останува за отворање на уште еден наш салон книжарница во Куманово, информира тој.

Книжарата на „Просветно дело“ во Велес нуди најлуксузни сликовници за најмалите,книги енциклопедии, лексикографски изданија,учебници за факултетите, романи и 60 најпознати светски бетселери.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »