речник контакт

И велешките полицајци возат шкода јети

Нови четири возила доби и СВР Велес

Петар Печков

Од 150-те нови возила шкода јети кои ги набави МВР, во СВР Велес  дојдоа четири, две во сообраќајната полиција и две во јавен ред и мир.  Најдоминантниот бренд во полициските возила така во наредниот период е „шкода јети“, кои  ги заменуваат полициските „крајслери“ кои се користеа повеќе од 12 години.

Со новите  возила „шкода јети“, кои се исклучително безбедни и опремени со неопходната полициска опрема, не само што се заштедуваат средства, туку се овозможува и поголема сигурност за полициските службеници.

Инаку, просечната потрошувачка на „шкода јети“ е околу 6 литри со дизел мотор, за разлика од просечната на „крајслерите“ која беше околу 16 литри со бензински мотор.Така повеќе нема да важи изговорот на полицајците дека не можат да дојдат не повик, бидејќи немаат бензин.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »