речник контакт

И војници користат дрога

Условна казна затвор за војник доброволец од велешката касарна за користење марихуана

Петар Печков

Откако неодамна внетрешната контрола на МВР  соопшти дена полицаец  доаѓал на работа дрогиран, сега потрда дека и војниците користат дрога.

          Прилепчанецот Д.Д. е условно казнет за пуштање во промет наркотични дроги. Тој минатата година како војник доброволец во велешката касарна се обидел да внесе еден грам марихуана, но на влезната врата бил откриен и фатен.

Од непознато лице на 16-ти април лани  за 300 денари купил 0,98 грама марихуана, но при извршениот претрес на влезот во касарната  од страна на воените органи за безбедност, дрогата му е пронајдена и одземена.  За ова дело во Основниот суд во Велес, изречена му е казна затвор во траење од 6 месеци, доколку  во следните  две години, не стори ново кривично дело.

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »