речник контакт

И во Велес штрајк со глад

Просветните работници од Велес ги поддржа колегите од Штип

Петар Печков

Претседателот на велешко- светиниколскиот регионален огранок на СОНК Перо Јовановски и секретарката Снежанка Манева во просториите на синдикатот  започнаа штрајк со глад.  Во знак на солидарност со тројцата професори од штипскиот државен универзитет  и велешани  даваат поддршка на колегите од Универзитетот од Штип.   Така  штрајкот со глад на просветарите се прошири и во Велес.

Ја почитуваме одлуката за штрајк која ја донесе Советот на СОНК, а според која на тројцата наши колеги од штипскиот универзитет им се нанесува неправда. И нашиот огранок, како и оние од останатите 19 региони од вчера штрајкуваме со глад. Во просториите од почеток сме јас и секретарката Манева, но од час во час добиваме поддршка од многу наши членови и колеги, кои или телефонски или со нивно присуство во канцеларијата не охрабруваат во намерите да издржиме во овој штрајк, рече претседателот на велешко-светиниколскиот регионален огранок на СОНК, Перо Јовановски.

Тој и колешката Манева втор ден штрајкуваат со глад, велата  не е лесно  и тврдат и дека ќе бидат истрајни во него.

Советот на СОНК реагира на секоја ситуација кога на некој негов член му е прекршено работничкото право. Постои огромно единство и сите 36 илјади членови сме како едно тело. Можеби некој ќе рече дека оваа ситуација нас како на професори во основно и средно образование не не засега, но професорите од високото образование се исто така наши членови и штитејќи ги нив, практично се штитиме и себе си, рече Јовановски.

Штрајкуваат сите регионални канцеларии на СОНК  втор ден во знак на солидарност кон тројцата професори од штипскиот Универзитет, Крсте Шајнкоски, Маргарита Матлиевска и Александар Костадиновски. Тие 12 дена штрајкуваат во регионалната канцеларија во Штип штрајкуваат со глад бидејќи наставно- научниот совет одлучи да не останат  на позициите  откако и покрај позитивните рецензии не беа избрани во повисоки научни звања.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »