Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 јули 2017
Утрово на патот кон Којник, се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил и мопед. Момчето кое управувало со мопедот, поради тешките повреди е пренесено во Ургентен. Сообраќајката се случила околу 8ч.
На ул.“Васил Ѓоргов“ пред куќен број 33 случена е сообраќајна незгода помеѓу автомобил марка „Шевролет спарк“ со рег.бр. ВЕ 250-БТ, управуван од Ј.Х.(43) од Велес и мопед непозната марка без рег.броеви, управуван од А.С.(23) од Велес. При сообраќајката возачот на мопедот има добиено тешка телесна повреда и е пренесен во Општа болница – Велес, а по укажаната медицинска помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје на понатамошно лекување – пишува во информацијата на СВР Велес.
Во саботата попладне близу населба чашка се случи слична сообраќајка, во која учествуваа автомобил и мопед а 17 возач на мопедот беше префрлен на Ургентен во Скопје.
Tweet |