речник контакт

И со подмладен тим, ФК Борец не се откажува од борбата за првак

Направен е сериозен рез во екипата, заминаа искусни фудбалери, дојдоа млади. Ќе се најде ли лек за неефикасноста

Петар Печков

Од десети јануари екипата на ФК Борец 1919 ги започна подготовките за пролетниот дел  од   првенството на  Втората лига Исток. Првенството започнува на почетокот  од  март месец.  За плановите, подготовките, за играчкиот кадар со тренерот на  екипата Пане Блажевски.

             Како се одвиваат подготовките, што е планирано да се работи  овој период?

Имаме  две седмици суви подготовки, еден контролен со Работнички (0:3). За овој  период, видов дека постојниот играчки кадар има желби, амбиции да сенадградува и игра поквалитено.  По паузата од еден месец, имавме  преоден период, да се истрчаат тн. аеробна зона. Сега влегуваме во мешана фаза, почнуваме со одигрување на контролни натпреври, каде се воигруваме. Сабота играме на Градски со екипата на Скопје.

            Има промени во играчкиот кадар, доста заминаа, други дојдоа. Што е намерата?

Изминатата полусезона игравме со искусни, проверени играчи за да ги задоволиме високите амбиции, мислејќи дека  со прволигашки играчи  ќе стигнеме   пред Беласица. Но тоа не го сторивме, и зад тоа јас стојам, па по направените анализи во  полусезона и решивме   да ја подмладиме екипата. Тие што заминаа не се договорија  со управата околу условите.  Јас сум задоволен  од второто место. Имаме млада екипа, од  искусните  останаа Даре Илиоски  и  Андреја  Ацевски, нов  капитен  е Тале Трајков. Можеби со новиот сосав Борец  ќе биде  посилен од полусезоната. Ни фалат еден штопер и двајца напаѓачи,  чекаме вистински решенија, не брзаме, има време до 15 февруари.       

         Во првиот дел  од првенството недостигаше гол играч, само 17 гола  на 13 средби. Како ќе се отстрани  ова фалинка?  

      Најтежок  проблем во фудбалот е  финализација на играта, реализација. Тоа се тие гол играчи. Ние работевме во клубот на тоа. Но сепак гол играч се раѓа, не може да се создаде,ги нема толку во Македонија.   Во прва и втора фаза играме супер, но немаме реализација.   Ако успееме овие двајца напаѓачи  да ги  донесеме ќе биде супер. Потребно  е тимски да се работи. 

       Достижен ли е лидерот  Беласица? Или може ли Борец на  крајот да биде  прв и  директно да оди во Прва лига?

Јас сум професионалец  во фудбалот и  сум оптимист. Јас одговарам за успехот  и  неуспехот  на екипата. Иако  од неа заминаа многу   квалитени  и  искусни играчи, Борец не се откажува до целта и ако ги донесеме тие тројца фудбалери, кои ни недостигаат, клубот може да се надева, без оглед дали е  Беласица, Брегалница или Кожуф, нормално е да се надеваме, во фудбалот се е можно.  

Од  клубот на полусезона заминаа Пановски, Танушев, Чичевски, Каланоски, Велјановски,  Димовски, Стојковски. Дојдоа- голманот   Мики Ѓоргиевски од Струга, Кристијан  Ефтимов, Кико Ацковски  и Стојче Коцев од Работнички, Тони Мирчевски и  Роберт Коцев  од Плачковица Радовиш.

Екипата на ФК Борец 1919 е член на Втората лига  Исток, и е втора по  14 кола.   Клубот е сопственост на бизнисменот Кочо Анѓушев.  По преземањето на клубот, тој најави дека  за три години ќе биде член на Првата лига

ФК БЕЛАСИЦА    13   9 3   1     33:6 30

ФК БОРЕЦ 1919    14   7 5    2     17:8 26

ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 13   7 4    2      31:15 25

ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА  13   8 1    4      23:14 25

АНКЕТА »

Дали ФК Борец 1919 ќе го мине баражот и ќе влезе во Прва лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »