речник контакт

И стопанствениците бараат враќање на платениот паркинг во Велес

Велес има 11 јавни паркиралишта со 320 места. Во општината има регистрирано 30 илјади возила, на 48 илјади жители

Петар Печков

На неодамнешната средба на стопанствениците со локалната валст, каде беше објаснуван новиот времен сообраќан режим во градот, поради запирањето за сообраќај на мостот кај Башино село, бизнисмените актуелизраа проблем, паркирањето. Тие сметаат дека со враќање на платениот паркинг ќе се намали хаосот во градот, кога пешаците се на улица, а возилата на тротоар.

„Време е  да се врати платениот паркинг во Велес. Сите гледаме каква е состојбата. Се узурпираат тротоари, пешаците се на улица. Уште одран онаутро,  голем број на велешани кои работат во Скопје ги запоседнуваат паркинг  местата од 7 од 8 часот па до 17 ч. Во овој период тие што имаат потреба нема каде да се паркираат“ – кажа стопанственик од градот.

Претходно и членот на Советот Коста Нојков повика дека треба да се врати платениот паркинг во градот, бидејќи така ќе се реши паркирањето во Велес. Градоначалникот на ова барање  тогаш одговори, дека очекува со изградба на подземна гаража проблемот да се реши, и да се причека. Деновиве е познато дека подземната гаража ќе се гради пред Основен суд Велес, познат е изведувачот, но градоначлникот Колев посочи дека градежните работи ќе започнат кога ќе се отвори мостот на Вардар кај Башино село.  

Велес има 11 јавни паркиралишта со 320 места. За нивно користење не се наплатува. Сегашниот состав на Советот, прва одлука која ја донесе се по формирањето, едногласно,  беше ставење во мирување на платениот паркинг во Велес.

На неодамнешата трибина, кога се разговараше за новиот сообраќаен времен режим низ Велес, предизвикан од затворениот мост на Башино село, беше кажано дека во општината има регистрирано 30 илјади возила, на 48 илјади жители. Евидентно е дека има по два и три автомобили по семејство. А толкав капацитет да се сместат автомобилите по домовите, зградите нема и тие се по улиците и тротоарите.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »