речник контакт

И Радио Дојче веле нема повеќе да емитува програма на македоски јазик

Откако изминатите три години Радио Франс интернешенел, Радио Слободна Европа и Pадио Би-Би-Си престанаа да емитуваат програма на македонски, од Новата година им се приклучи и радио Дојче Веле. Остана само уште Гласот на Америка

Петар Печков

Дојче веле на 31 декември 2012 година ќе го емитува својот последен Утрински магазин, со што завршува ерата на радио-програмата на македонски јазик. За корисници на програмската понуда на Дојче веле, крајот на оваа година носи една далекусежна промена во програмата на македонски јазик, со која се заокружува новата стратегиска ориентација на оваа мултимедијална куќа.

Радиото 43 години беше столб на програмската понуда, белег на Дојче веле и до средината на 90-тите години на минатиот век негов единствен медиум на македонски јазик. Но, новото време, развојот на нови форми на масовна комуникација што ги овозможи интернетот, создаде нова ситуација во светот на медиумите, на што се прилагоди и ДВ. Актуелната стратегија на ДВ за медиумско присуство во поразвиениот дел на светот се потпира врз настап преку интернет и со видео содржини.

Тоа значи дека во иднина комплементарната понуда на Македонската редакција на ДВ во основа ќе се состои од информации пласирани преку интернет и од разни форми на видео содржини, како неделниот ТВ магазин Европанорама (секоја недела во 19.30 часот на ТВ Алфа), видео на денот и вклучувања во информативни и други телевизиски програми на партнери на Радио Дојче Веле.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »