речник контакт

И Metallica ќе продава песни на iTunes

Metallica, најголемиот противник на интернет дистрибуцијата на музика, одлучи повеќе да не губи пари од ваквото однесување.

Никола Солев

Metallica, најголемиот противник на интернет дистрибуцијата на музика, одлучи повеќе да не губи пари од ваквото однесување.

Ветераните Metallica, едни од првите групи кои се спротивставија на на p2p програмот Napster, одлучија да ја понудат својата музика за продавање преку download од Apple iTunes. Почнувајќи од вторникот, бендот ги понуди сите 10 албуми на iTunes. Тие во една изјава за печатот ќе кажат:

„Во последната година, забележавме зголемен број на наши фанови кои користат страни како iTunes за да дојдат до музиката која ја сакаат. Па, продолжувајќи со традицијата на нудење на албуми online, исто и на нашите албуми во живо (на livemetallica.com), сега има нудиме можност на фановите и симнување на поединечни песни.“

Metallica не сакаше да нуди поединечни песни на iTUnes кога започна сервисот во 2003 заради тоа што не сакале да придонесат во „уништувањето на албум форматот“. The Beatles, Led Zeppelin, заедно со Radiohead се само некој до примерите кој моментално ја одбиваат можноста за online продажба на својот материјал на iTunes.

Metallica

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »