речник контакт

Кавадарчанец со автомобил излетал од пат, возел пијан

Oд извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта

Петар Печков


Неделата попладне во Кавадарци се случила сообраќајка, кога возач со неговиот автомобил излетал од  пат. При контролата било констатирано дека бил пијан.  Деталите од  информацијата на СВР Велес.

„На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44 год) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци - Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта“ – информираа од СВР Велес

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »