речник контакт

Казнети се седум возачи на автобуси кои превезувале патници и вработени, поради непочитување сообраќајни прописи

Значително намалување на сообраќајните незгоди во велешко, за 47 отсто намален бројот на сообраќајки со тешки повреди

Петар Печков

Два дена, вчера -вторник и денес -среда, Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР  спроведува засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Велес. Ова е втора таква контрола во градот, по таа која се спроведе на 12-ти октомври.   

Санкционирани биле  91 возачи, меѓу кои 11 за возење без возачка дозвола, 14 за возење нерегистрирано возило, а санкционирани се и седум возила кои вршат јавен превоз, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Велес.

Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви - кажа Ангеловски.

На територијата на СВР Велес е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, особено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 62 отсто. За 67 отсто е намален бројот на загинати лица, а за 28 отсто вкупниот број на сообраќајни незгоди.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »