речник контакт

Каква зима не очекува

Претстојната зима во Македонија ќе биде вообичаена со просечни температури за овој период од годината, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Петар Печков

Анализите на Виртуелниот центар за климатски промени на Југоисточна Европа покажале дека кон крајот на есента и зимскиот дел од годината температурата ќе биде во границите на просечните вредности.

Во ноември во најголем дел од територијата на Република Македонија се очекува да биде во границите на просечните вредности, односно меѓу шест и осум Целзиусови степени, додека во планинските делови од два до четири. Врнежите ќе бидат поголеми од просечните за 25 до 50 отсто. Во централните подрачја, каде е и велешката, врнежите ќе бидат поголеми од 50 до 75 отсто од просечните вредности.

Температурата на воздухот во декември во најголем дел од државата ќе биде во границите меѓу два и четири степени, додека во планинските области од нула до два. Врнежите ќе бидат помали од просечните за 25 до 50 отсто, додека во планинските делови пониски за 25 отсто.

Средните температури на воздухот во централна Македонија во јануари ќе бидат пониски за два до четири степени. Температурата на воздухот се очекува да биде во границите меѓу минус два и нулата. Во текот на месецот врнежите ќе бидат помали од просечните за 25 до 50 отсто, а на планините пониски за 25 проценти.

Во февруари средните температури на воздухот во централните делови ќе бидат повисоки за еден до три Целзиусови степени, додека во планинските делови меѓу нула и два. Ќе има помалку врнежи од просечните за 25 проценти, а во планинските делови ќе бидат повисоки за 25 отсто

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »