речник контакт

Како Велес сообраќајно фукнционира овие четири дена за Питијадата

Кои улици се отворени,во кој првец,а кои затворени

Петар Печков

Поради одржување на манифестацијата „ Велешка Питијада 2014 “ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес во периодот од 09.10.2014 година со почеток во 10.00 часот па се до 12.10.2014 година до 24.00 часот, сообраќајот времено се преуредува и тоа:

 Затворена за сообраќај е улицата „Благој Ѓорев“, од крстосницата со ул.,, 8-ма Велешка бригада“ и ул. ,,Тодор Христов Офицерчето“ до крстосницата со улица ,,Љубљанска“.

Заради тоа во тој временски период одвивањето на сообраќајот е пренасочено,  за возачите кои ќе се движат од Нова населба кон центар и кон Којник сообраќајот ќе се одвива по ул. ,,Благој Ѓорев“, со свртување кон ул. ,,Борис Трајковски“, до Трговскиот центар па продолжува по ул ,,АСНОМ“ и ул. ,,Алексо Демниевски Бауман”.

Сообраќајот по ул. ,,Алексо Демниевски Бауман“, од пошта до бензинската пумпа на „Макпетрол“  се одвива двонасочно како и по ул. ,,Благој Ѓорев“ на потегот од Пошта до новата зграда на театарот ,,ЈХК Џинот“.

На оние граѓани кои гравитираат кон ул. ,,Тодор Јанев“, ,ул. ,,Киро Ќучук“ и ул. ,,8-ма Велешка бригада“ ќе им биде дозволена пристапност кон ул. ,,Благој Ѓорев“ до плоштадот ,,Македонија“ („Авона“) како и пристап од ул. „Тодор Христов Офицерчето“.

 За гостите од страна на располагање се паркинзите на Гимназијата, на ЕВН и на Општина Велес. Движењето на возилата по ул. ,,Наум Наумовски“ се дозволува исклучиво за возила за дотур на роба

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »