речник контакт

Како Горан Петров ги виде четирите години на градоначалничката функција

Петров се осврна на својот мандат. Од понеделник се враќа на работното место од каде во 2006-тата замина како пратеник, во ЈП За стопанисување за станбен фонд

Петар Печков

Сега од оваа временска дистанца можам да признам дека мандатот го започнав со голема доза на трема и страв дали ќе ја оправдам дадената доверба, зошто да се биде градоначалник на Велес е сосем различно од тоа да се биде градоначалник на било која друга општина.

-    Велес е културен стожер на Македонија,
-    Велес е отворена македонска историска читанка,
-    Велес е лулка на писменоста, книжевноста, уметноста, а да се одржи рамниште со овие атрибути е голема одговорност.

Од друга страна  граѓаните ги притискаа сите негативни последици што останаа како товар од транзицијата: безработицата, социјалниот притисок, комуналните и урбанистички проблеми, зголемените одговорности од децентрализацијата.  Од една страна беа големите одлуки за задолжување и изградба на инфраструктурата во индустриските зони и Езерото Младост, а од друга изградбата на малите улички во непристапните делови на Велес каде заради непостоење на пат од 60-тина метра не може да дојде брза помош и противпожарно возило.

За овие четири години станав свесен колку малите работи што никој не ги гледа можат да бидат големи и важни. По овие четири години гордо можам да кажам пред себе си и пред Вас дека задачата што си ја поставив ја исполнив. Му дадов шанса секому што од мене побара помош со единствена цел – секој граѓанин да почувствува дека за него се води грижа за подостоинствен и економски постабилен живот.

Сепак, има нешто што морам да го издвојам како најзначаен настан во мојот мандат. Тоа е еколошката револуција што во борбата против Топилницата го обедини Велес. Беше импозантно, беше чест и годрост да бидеш градоначалник на Велес на 9-ти Ноември 2011 година кога 20.000 граѓани од сите профили,професии, националности, од сите возрасти, од сите политички опции ја одбраа иднината на Велес наспроти моменталната благосостојба на една генерација Велешани. Одбраа да останат без работа за да обезбедат здрава животна средина за идните поколенија. И она што најмногу ме прави горд е што еколошката револуција на 20.000-ната армија успеа. Сопствениците на Топилницата  се повлекуваат и прашање на денови е кога големата железна грдосија ќе почне да се сече и да се отстранува.

Почитувани, се надевам бев достоен на Вашата доверба. Им благодарам на граѓаните  што со нивниот глас ми овозможивте 4 години од мојот живот да му ги посветам на мојот град, на градот на моите предци, на Вашиот, на мојот Велес. Ви благодарам што одбравте нова идеологија и нов пристап во работата на локалната власт. Го исполнив својот влог во иднината на овој град, во иднината на нашите поколенија, влог во човекот за подостоинствен живот.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »