речник контакт

Како велешани го одбележаа Источен петок - Балаклија

Секој прв петок, после Велигден кога илјадници велешани го посетуваат, повторно оживува манастирот Св.Димитрија.

Петар Печков

Секој прв петок, после Велигден кога илјадници велешани го посетуваат, повторно оживува манастирот Св.Димитрија. Овој ден во православниот календар запишан како Источен петок - Балаклија е патрон на градот и на манастирот, ден кога се чевствуаат светите води. Тоа е повод два дена, четврток попладне и петок многу народ да дојде и запали свеќа за здравје во овој храм.

\"\"

- Имам седумдесет години идам од кога паметам за себе и ќе доаѓам се додека ме служи здравјето. Ова е голем празник за велешани, за храмот, за сите нас. Оставам аманет младите да го чуваат и негуваат, бидејќи верата го одржала овој народ со векови - вели Марика Димова, која заедно со нејзините сосетки испешачила многу пат за да стигне до храмот, но сите тие не се жалат на изоденото, бидејќи им било задоволство да се сретнат тука со пријателки со кои одамна не се виделе.

Источен петок Балаклија е верски празник посветен на „животодавниот извор“ (или изворот што живот дава) чија сила ја почувствувале не само христијаните туку и други верници. Затоа тука многумина доаѓаат со надеж за спас и верба дека лошите сили ќе бидат истерани.

\"\"

- Радосно е кога цел град е собран тука и оддава почит на мајката божја, се поклонува и  бара светлината на воскреснатиот Христос да влезе во срцата на секој од нас. Градот на Гемиџиите и Рацин, кој во душата ја носи Македонија знае да почитува и тоа е убаво - изјави Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија.

Манастирот има интересна историја, бидејќи пет века бил затрупан по земја, за да биде сочуван од османлиите и во 1820 откако на сон му се јавил на еден воденичар, Петар Здравев повторно ја види светлината на денот. Затоа велешани со гордост и љубоморно ја чуваат оваа традиција, масовно го посетуваат манастирот.  

Но освен него преполни со посетители и верници овие два дена се и неколкуте црквички и параклиси, изградени тука на стрмните карпи Св.Никола, Св.Недела, Св.Петка, Св. Јован.

\"\"

Околу 500 оброка, четвртокот за вечера - јанија и петокот за ручек - чкето, се поделија во конаците на манастирот. Освен што ќе го посетат храмот, верниците тука ќе се видат и со познати со кои одамна не се дружеле а локалната власт организираше и музички хепенинг со познати имиња од македонската фолк сцена. Годинава на задоволство на присутните, ги забавуваше Гоце Арнаудов.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »