речник контакт

Како велешките комуналци го собираат сметот, кога снегот ја отежнува работата(видео)

Собирањето смет отежнато, ноќе нема да се собира. Од некои делови на градот комуналците рачно го изнесуваат

Петар Печков

Собирањето на смет е отежнато поради неповолните временски услови. Онаму каде возилата на ЈКП Дервен не можат да пристапат вработените сметот рачно го собираат и го носат до возилата.   Така е најдено решение одделени делови на Велес да не бидат затрупани со смет.

Од ЈКП Дервен уште една информација дека  поради неповолните временски услови, сметот нема да се собира во ноќните часови како досега, туку преку ден, доколку улиците се пристапни за возилата на ЈКП Дервен. Во централното градско подрачје и понатаму ќе продолжи ноќното собирање на смет.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »