речник контакт

Како во Велес, навремето, се одбележувал Велигден

Кој ден на која црква се оди, за Велигден децата секогаш се подновувале, се изнесувале јамболии на тресење од балкони...(минато одамна свршено време)

Петар Печков

Велики четврток  – Тој ден пред сонцето, домаќинката вапцува (со црвена боја) непарен број јајца (3, 5, 7 или 9) потоа ги става во сито и ги качува на кровот на куќата (на ќерамидите) каде што стојат неколку дена. Другите јајца (повеќе црвени, помалку сини) се вапцуваат во саботата.

Од јајцата што се на кровот, се зема едно и се остава за Ѓурѓовден, за тогаш децата да се намачкаат по лицето за да бидат црвени, заедно со дебелото црево од јагнето, кое се вади од јагнето заклано тој ден. Ова закопување се прави пред да угрее сонцето, за град да не го бие житото.

И после Велигден. На Велигден се оди од вечер в црква се чека до дванаесе саатот, никако мрсење, нели цела недела не се мрсело. И пред дванаесе саатот никако јајце да не се касне, ништо мрсно... и после дванајсе... коа ќе рече попот или владиката, било кој „Исус Воскресе“, тогај се кршат јајцата... Поп Борис уше пееше... и беше и како, изгледа и напиен, шо знам шо му беше, дванајсет и пол саатот стана, уше „Исус Воскресе“ не вика, уше пее... На Свети Пантеле се слуша џагор, се кршат јајца, а он уше пее... и народ ... си кршат јајца, викат онадуват, а он уште пее...(Јордан Таќев, 1934).

За Велигден, за Божик главно првиот ден се одеше на десната страна на „Свети Пантеле“, вториот ден – на левата страна и после, треќиот ден- на левата страна и после, треќиот ден и на едната и на другата страна исто... И знаеш, коа бил празникот се осеќало дома дека иде празник, затоа шо мајка ми ќе ги постеле новите ќилими не коо сега, тие шо стоат, си стоат стално... Тогај в’лнени килими се постилаат, се ... и така, се осеќа дека празник иде... После, тогај немало така млеко коо сега шо има, тогај ќе поминел млекарот со овчко млеко, особено за Велигден и по улица ќе продава... Тогај знам млеко првпат млеко овчко тогај сме се напивале за Велигден...

За Велигден обавезно на децата ново се купуело, ново ф’станче, чејлиња. Свекрва ми, секојпат викаше: „Ја не сум имала,  ама за Велигден обавезно ќе сум купела и чејли и костимчиња на децата!“ И после петокот у неделата се одело у црква, у саботата на Исусвоскресе... Па една година после ослободуењето коа беа, па фрлиле боја, па ногу ги испофарбаа и после поретко одеа така... (Султана Здравкин, 1933)

Извадоци од книгата ,,Така се зборуваше во Велес,, на Снежана Петрова

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »