речник контакт

Како да се искористи сонцето и ветерот во Повардарието

Како да се искористи сонцето, ветерот и другите обновливи извори на енергија од Повардарието, ќе се истражува со студија, со чија помош потоа ќе се настапи пред фондовите на ЕУ за нивна реализација.

Петар Печков

 Во тек е изготвување на  физибилити студија, финансирана од Бирото за регионален развој, за утврдување на потенцијалот и можноста на искористување на обновливи извори. Централниот дел од Македонија кој е богат со  лозја, градинарски и земјоделски производи, чиј отпад не е искористен  е голем потенцијал. Овој дел  на Македонија има голем број сончеви денови но и ветер кој дува по течението на реката Вардар, кои за жал исто така  се неискористени.

За илустрација   отпадот од винарство, градинарство и овоштарство не се искористува.  Во централниот дел на Македонија го има во изобилие,  податок дека количина на комунален отпад  во овој дел е 45 илјади тони годишно  додека  само од винарство е 60 илјади тони. Ќе истражуваме  како тој да се искористи а да не оди така бесполезно. Дали  преку  компостирање, од кое се добива   ѓубриво кое натаму може да се употребува или за добивање на  топлина и био-гас преку инсталација на технологија, одговор ќе даде оваа студија – вели Александар Бузалков директор на Вардарскиот плански регион, кој го спроведува овој проект на користење на обновливите извори. 

Тие нема да истражуваат  дали и каде  да се постават централи за електрична енергија, туку како објектите и зградите на државните и јавни институции  во општините да го искористат сонцето и ветерот.  Ова се однесува на  детски градинки, училиште,  спортските сали, зградите на локална самоуправа, со што ќе се заштеди за користење и плаќање на електричната енергија. Потоа со овие студии ќе аплицираат пред фондовите на ЕУ од каде може да се добијат средства за нивна реализација.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »