речник контакт

Како да се одвикнете од пушење

Пушењето е сериозна зависност и еден од најголемите здравствени проблеми на современиот свет. Луѓето кои престанале да пушат, во просек, живеат 5 години подолго. Некои и значително повеќе.

Петар Печков

Луѓето кои престанале да пушат, во просек, живеат 5 години подолго. Некои и значително повеќе. А секој си има свој начин и своја приказна како се откажал од оваа лоша и штетна навика.

Пушењето е сериозна зависност и еден од најголемите здравствени проблеми на современиот свет. И покрај сите застрашувачки факти за штетното дејство на цигарите, нивното конзумирање доведува до извесна пријатност токму заради стимулативниот ефект врз централниот нервен систем. Меѓутоа, тоа е краткотрајно, па не дозволувајте да ве залаже.

Престанувањето со пушењето е предизвик пред кој порано или подоцна ќе се најде секој пушач, а со оглед на тоа што не постојат двајца исти луѓе, нема ни општа метода која на секој пушач би му овозможила да стане непушач.

Доколку се наоѓате меѓу оние кои сакаат да му кажат стоп на пушењето, ви претставуваме неколку различни методи за одвикнување.

Составивме и упатство за основните работи кои би требало да ги знаете, за мерките и постапките кои треба да ги следите и за промените кои ќе ги почувствувате.

Ако некогаш сте се обиделе да се откажете од пушење, веројатно во моментите кога не сте имале цигара, сте биле раздразливи. Зошто одвикнувањето од пушење е толку тешко?

За повеќето луѓе пушењето е повеќе од навика. Тоа е зависност од никотин.Кога пушите, никотинот за само неколку секунди стасува до мозокот. Таму предизвикува ослободување на супстанција позната под називот допамин која предизвикува чувство на пријатност и смиреност.

Вашето тело не сака тоа чувство да престане. Меѓутоа, во периодот меѓу две цигари, нивото на допамин се намалува и предизвикува чувство на раздразливост. Дури и ако сакате да престанете да пушите, телото ќе ви бара никотин и токму тоа е она што и натаму ве наведува да пушите.

Според Мирјана Јовановска-Стојановска, психолог-терапевт, формираната зависност од пушење е толку голема и неконтролирана што престанувањето со пушење ќе предизвика емоционални, психолошки и физиолошки потешкотии.

„Пушењето предизвикува зависност од никотинот која се изразува со компулсивно барање и палење на цигара и покрај знаењето за сите нејзини штетни влијанија и последици. Пушењето, исто така, предизвикува психичка зависност. Кај луѓето кои страдаат од депресија, посттрауматски стрес, биполарно нарушување, од 2 до 4 пати е поголем процентот на пушачи отколку кај другата популација.

Кај пациентите со шизофренија, процентот на пушачи е до 90%, а кај алкохоличарите, 80%. Постојат разлики меѓу машките и женските пушачи. Жените пушат помалку цигари дневно, со помалку никотин и не вдишуваат толку длабоко како машките пушачи.Меѓутоа, машките пушачи покажуваат поголема иницијатива да престанат со пушењето.

Како и да е, да се биде зависен, не значи дека не е можно да се престане со пушењето, туку значи дека ќе биде тешко да се победи зависноста.Притоа, одвикнувањето може да предизвика вознемиреност, депресија, проблеми со концентрацијата, промени во апетитот. Докажано е дека најдобри резултати има кога оние што се откажуваат од пушење имаат поддршка од тим на лекари, психолози и социјални работници“ – советува Јовановска-Стојановска.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »