речник контакт

Како да се отстранат подземните води на зградата кај театарот

Стручњаци ги констатираа пукнатините на поплавената зграда во Велес, но ги смируваат станарите дека таа не може да се сруши, а решението за отстранување на подземните води им го препуштаат на други институции

Петар Печков

Нема решение како да се отстранат подземните води кои ја нарушуваа стабилноста на зградата на улица Петре Прличко бр 22 во Велес. Во неа живеат 22 семејства и откако вода неколку години наназад ги поплави нивните подруми, поради што тие сметаат дека објектот тоне а ѕидовите напукнуваат па тие стравуваат за нивните домови. Откако се  пишуваше за овој проблем, Министерството за транспорт и врски испрати стручњаци кои треба да утврдат дали е нарушена стабилноста на зградата. Тие ги констатираа пукнатините на зградата  и ги смируваат станарите дека таа не може да се сруши, а решението на отстранување на подземните води го препуштаат на други институции.

Проблемот на оваа зграда се подземните води, кои не се од реката Вардар, најверојатно се некаде одозгора од блискиот рид.  Таа го растресува теренот што влијае на зградата и  нејзиното слегнување поради што се јавуваат пукнатините. Но страв кај станарите не треба да има  за  можност од нагло поместување, тоа не може да се случи. Во пракса таков пример не постои, нема ниту индиции. Треба да се реши проблемот со подземната вода, која мора да се отстрани,  за тоа мора да одговорат надлежните институции – изјави Наум Галковски пензиониран професор на Градежниот Факултет. Станарите на зградата лоцирана на педесетина метри до реката Вардар бучно реагираа на ваквите констатации на стручњаците. Тие ги посочија нивните маки, кои од ден на ден се побројни.

ако може да нема поместувања во објектот и неговата стабилност, кога најочигледен пример се вратите и прозорите. Тие повеќе не се затвараат бидејќи се изместени. Ноќе кога е тивко, се слуша крцкање на рамките, ја слушаме водата во подрумите како тече. Пукнатините во зградата за еден месец се побројни. Како може со соседната куќа со која сме лепенка сега да сме разделени – велат станарите. По информациите дека зградата има проблеми со стабилноста, на терен излегле и екипи на општината и ЈКП Дервен, кои констатирале дека  водата кој ги полни подрумските простории не е  од водоводната мрежа.

Станарите од зградата посочија дека можеби проблемот е поради пореметување на земјиштето или  негово тонење. Треба да се утврдат оштетувањата на објектот како и причините за појавата на подземната вода. По добиениот извештај, кој верувам ќе биде во кратко време и стручен, евентуално ќе треба да се преземат некои мерки. Важно е да се отстранат причините за да нема последици а ние како локална самоуправа ќе ги преземеме сите неопходни мерки кои се во наша надлежност  – изјави Горан Петров градоначалник на Велес. 

Станарите од зградата која е изградена пред 50-тина години, велат дека подземните води се појавиле последните пет години а нив ги нема во околните објекти. Бараат локалната власт да им помогне материјално и стручно, за да не се случи да останат без кров над главата.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »