речник контакт

Како изгледаше Балканот во 4 век од н.е. на мапа (фото)

Карта Поитингера на влезот во Стоби. Кои гости летово го посетија локалитетот, и што тие купуваа

Петар Печков

На влезот  во археолошкиот локалитет ,,Стоби,, бројните гости ги пречекува   Карта   Поитингера  (латински: Tabula Peutingeriana),  карта со вцртани римски патишта. Таа  се состои од  11 дела а во Стоби е претставен    еден од нив.

Тој е нацртан рачно, верно на  оригиналот, поставен е близу до влезот.  Од бројните гости кои доаѓаат тука, малкумина  ја забележуваат,  иако е дел од светското културно наследство,  во морето од бројни артефакти, кои локалитетот  како сопствени ги нуди, како  сувенири.   

Табула поинтигера  е римска карта, од 4-тиот век на нашата  ера а прецртана во 13 век. На  сликата над   сувенирницата,  е  прикажан Јужниот дел од Балканот, Северна Пајонија, Јужна Италија и Северна Африка и раздалеченоста  помеѓу градовите во римски милји. Тоа е  далеку  од денешната картографија , изменет е обликот,  бидејќи  не  била позната современата картографија  - објаснува Стефанка Ечева дипломиран историчар на уметноста.    

Интересно е како тогашниот   автор ги поставил градовите. Така Стоби е поблиску до Лихнидос и Ниас (Ниш) отколку до Хераклеа. Оригиналната карта која  има 11 дела се чува во  Австриската национална библиотека во Хабсбуршката царска палата во Виена, Австрија. Имало и 12-ти дел од Иберискиот Полуостров и Британија кој е изгубен.

 Картата е насликана во IV век, а прецртана во XIII век. Откриена е во градот Вормс, Германија од страна на Конрад Келтес, кој не бил во можност да ја објави во јавноста, поради што му ја оставил во наследство на Поитингер, германски хуманист и старинар кој живеел меѓу XV и XVI век.  Исцртана е во шест бои - црна, црвена, зелена, жолта, сина и розова и го опфаќа целиот  тогаш познат  антички свет од Британија до Индија.  Неа ја видоа и  многуте гости  кои го посетија локалитетот  Стоби. Повеќето од нив заминаа со бројни сувенири.  

Имаше доста гости, традиционално Срби, Хрвати, Словенци, Полјаци, Чеси, од  САД.   Најмногу се купуваат  медалјони со претстава на паун, симбол на Стоби,  мотив од крстилницата во локалитетот  и улјени лампи, како и сувенири каде е напишан  Муницупиум Стобенсиум, што  е општествениот статус на градот – додава Ечева. Тие своите впечатоци ги впишуваат во книгата  на впечатоци, каде  не ги штедат комплиментите за виденото од Стоби. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »