речник контакт

Како малиот Лука го надмудри директорот на Белгискиот стрип музеј

Супермен нема куче, гаф на директорот кој го исправи деветгодишниот велешанец

Петар Печков

При гостувањето Вилем Де Грав  директорот на Белгискиот стрип музеј во Велес на трибината имаше бројни прашања за стрип уметноста.  Гостинот трпеливо одговараше но во еден момент направи гаф од кој тој се зацрвена и остана без текст. Имено објаснувајќи ги разликите меѓу белгискиот и американскиот стрип, тој рече.

Белгиските стрип јунаци се разликуваат од американските по тоа што се многу пореални, по човечки, не се супер херои. Тие имаат свои миленичиња, кучиња. Можете ли да го замислите Супермен да има куче – констатира Де Грав. На ова детски глас од публиката храбро реплицираше.

Па Супермен има куче. Тоа  е Крипто – тоа беше одговорот на деветгодишниот Лука Мидовски мал стрип цртач а голем љубител на стрипот. На оваа констатација гостинот од Белгија остана без текст, и зацрвене од непознавањето на овој факт. 

Вилем Де Грав  е директор на Стрип музејот во Брисел, кој постои 25 години а во неговата библиотека има 65 илјади наслови. Оваа институција е  една од знаменитости на Брисел со висока посетеност, а дури 80 отсто од гостите се странци. Белгискиот стрип е познат по светот по јунаците Тин Тин, Штрумфовите,  Таличен Том, Спиру, Гастон.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »