речник контакт

Како мачорот Томче преживеа!!

Ова е вистинска приказна за мачорот Томче, приказна која значи триумф на хуманоста и пожртвуваноста, како и триумф на животот.

Петар Печков

Ова е  приказната за мачорот Томче, приказна која значи триумф на хуманоста и пожртвуваноста, како и триумф на животот.  Несреќата на Томче не е изолиран случај, но хуманоста и пожртвуваноста на оние кои го нашле и спасиле е  повеќе од реткост. О

ва е приказна за мачорот Том, неговата добра вила – девојката Даниела Вељановска и ентузијазмот на CAD – ING   (Драган Стојановски и Олгица Марковска) претпријатие за индустриски дизајн кои одлучија за Томче да направат опропедска количка бесплатно, за да се спаси и продолжи да живее.  Оваа приказна вреди да биде споделена и не инспирира и понатаму на добрина која некому ќе значи живот – со хендикеп но и со еден тон среќа и бескрајна љубов...

Најден како мало двомесечно маче на улица, претепан или згазен од кола и оставен жив да се мачи, плаче и умира на улица. Го најде една девојка, Даниела Вељановска и однесе веднаш на ветеринар....Но неговите маки не запираат тука. Направени му се две операции, на рбетот, и ампутирана задната нога. Му запре функцијата на бубрезите – не можеше нормално да мокри.

Поради огромната борбеност, желба за живот, нежност, играње и галење, Даниела даде се од себе да се помогне на овој мачор инаку полн со живост, да се спаси и да не се евтаназира. Два месеца беа многу тешки - поминаа месеци на дијализа, секој втор ден носење на ветеринар. Потоа за среќа по два месеци мачето почна да мокри – но неконтролирано и повеќе ништо не можеше да се стори за него. Во меѓу време овој убавец од мало маче стана голема маза и убавина..Хендикепиран, но борбен, среќен, дружељубив и со желба да живее.

Како што вели Даниела –„од вдомување се откажавме, бидејќи кај нас е скоро невозможно да вдомиш такво животинче, затоа решивме да го чуваме додека му е даден животот од Бога.... меѓутоа проблем беше во тоа што бидејќи нема едно задно ноџе не може да носи пелена, а од тежината со која се влече отвора рана на местото каде што му е ампутирана ногата...Се консултирав со неколку ветеринари и единствен спас да не се евтаназира (бидејќи е полн со живот, витален и интелигентен) да се нарача ортопедска количка. За тоа се потребни доста средства кои јас не сум во можност да ги обезбедам. Па затоа замолувам доколку е некој во можност а сака да помогне , да се јави на телефон...

Количката е повеќе од итна. Со тоа што би се обезбедила количка, не само што Томче ќе го изживее животот како среќно маче, бидејќи кај нас има се што му е потребно, а највеќе љубов, туку ќе биде првото животинче во Македонија кое ќе го продолжи животот на таков начин и пример за сите оние кои толку лесно се одлучуваат да еутаназираат нешто живо, што дотогаш го сакале и било член на нивната фамилија. Томче е голем борец и покрај се низ што помина и сеуште поминува не се откажува и заслужува да му се подари живот.

И тука доаѓа изненадувањето. По мерка на Том, и според механизам идентичен како и на ортопедските помагала кој се произведуваат во странство, согласно со сите критериуми (да биде практично, удобно и функционално) македонските индустриски дизајнери Драган Стојановски и Олгица Марковска од CAD-ING консктруираа ПРВА МАКЕДОНСКА КОЛИЧКА ЗА МАЧЕ СО ПОЧЕБНИ ПОТРЕБИ. Она што до сега било далечна надеж, стана реалност....Оваа приказна конечно значи спас за Томче, но и реална шанса за останатите животни како него и нивните однапред загубени животи..

И еве го, ова премило и храбро мачорче како ги прави своите први чекори.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »