речник контакт

Како почна да се издава Вардарски глас

Печатено гласило кое своевремено ги информирало велешани

Петар Печков

Весник „Вардарски глас“. Тој почнал да се издава после ослободуењето некое време, после престанал и долго, долго време не се издаваше тој весник... Ја ги викнав новинарите од Велес, дописници шо беа на разни... медиуми, сеа како ги викаат...

И кога почна? Бев на еден годишен одмор у Будва. Таму локален весник. Коа го купив четири страници. Натре содржина глеам, не знам, бизарна содржина, не обработуе некои теми незнам какви. И го зедов еден број им го носев овдека. „Еве, викам, виите-го, за воа ли не ве бива? Срамота е ако не ве бива да праите...! Сакам веднага да напраите редакција и да почне да се издава „Вардарски глас“! Пари ќе обезбедиме“. Па се формираат сизови за култура, за детска заштита, за... шо немаше... за физичка култура – се...

И така почнавме пак да го издаваме весникот и на новинарите им викав: „Требе да ги напишите у секој број по еден, да се објасни на луѓето какви се нашите обичаи! Да ги знаат, се извитоперуат. Не ги знаат младиве, па грешно ги прават, грешно ги слават. Да се знае свадба како почнуе по велешки. Да се знае по кумот коа се оди, да се крсти, па има стара жена ќе викнат домаќинка некоа, таа ќ’иде со букарот. Букар се вика тоа еден сад полн со вода и цвеќе нешто ќе се стави и ќе го кани кумот дали ќе дое на свадбава. Ако кумот рече дека ќе дое, свадбава може да почне. Без кумот не може да почне. Па после кумот чалгиите ќе отидат да го викаат и он ќе си дое на свадба со чалгии, со некој, кумова тајфа шо викаме... Негови блиски пријатели, роднини ќе викне он... Тоа е една група која шо се пречекуе на тие... И така, та, на пример, наесен, зимно време се тие обично празници кај нас. Требе да се опишат, да се знае какви се.

(Стефан Ќулумов, 1935)
Од книгата „Така се зборува во Велес“ приредила Снежана Петрова – Џамбазова, Скопје 2007 г.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »