Петар Печков
Објавено: вторник, 04 февруари 2025
Трите починати лица, пронајдени во импровизиран верски објект во селото Црвени брегови, неготинско, се задушени од гас. Ова го соопштија од ОЈО Кавадарци.
„Резултатите од обдукцијата наредена од Основното јавно обвинителство Кавадарци пристигнаа и како причина за смртта утврдуваат труење со јаглерод моноксид. Обвинителството може да постапува само доколку се утврди дека смртта е резултат на кривично дело “ – пишува во одговорот на ОЈО Кавадрци, на поставеното прашање од ТрМр.
Во инцидентот починаа Ј. Ј. (71 година) од Битола, Ф. Е. (66 години) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови“. Настанот се случи на 8 декември 2024 година.
Tweet |