речник контакт

Како ќе се трошат парите од Холандскиот грант за културата во Велес

Адаптирање на новите простории за градската библиотека, излегување од анонимноста на стрипот и изработка на мурали се главните активности во културата, кои општина Велес ќе ги работи во наредните две години со средства од Холандскиот грант.

Петар Печков

Адаптирање на  новите простории за градската библиотека, излегување од анонимноста на стрипот и изработка на мурали се главните активности во културата, кои општина Велес ќе ги работи во наредните две години со средства од  Холандскиот грант.

Имено Холандската Влада додели 40 илјади евра, средства со кои ќе ги поддржи активностите во областа на културата во Велес и во неколку други градови од Македонија.

- Во втората половина од годинава со средствата што ги добивме, ќе послужат за адаптација на новите простории на Градската библиотека која од есен ќе се сели во Пионерскиот дом „Ѓоре Органџиев“, за есенскиот стрип салон и за неколку мурали - цртежи кои ќе се насликаат на ѕидовите од зградите во Велес. Дел од средствата ќе бидат употребени и за уредување на внатрешноста на спомен куќите на Касапови, Џинот - вели Катица Чадиева, раководител на секторот  за култура во локалната самоуправа.

Така Градската билбиотека Гоце Делчев, која  доби нов адекватен простор, фондот на книги со кој располага повеќе нема да мувлосува во старите депоа. Велес како град домаќин на Стрип салонот ќе работи на негова  популаризација а на фасадите од централното градско подрачје, со цртање на мурали оваа уметност би излегла од анонимост.

Но дел од средствата од Холандскиот грант ќе бидат употребени и за Театарскиот фестивал на античка драма „Стоби 2007“ копаничарската колонија „Папрадиште“ фолклорниот фестивал.

Планирано е пред новоизградениот Ликовен салон да се уреди Парк на уметноста, каде ќе се поставуваат скулптури на слободна тема.

Градоначалникот на Велес вели дека оваа финансиска поддршка е добредојдена, како замена  за средствата од УНДП Развој на општинте преку културата.

- Со помош на овие 40 илајди евра ќе можеме да работиме на сочувување и афирмирање на  богатото материјално и духовно културно наследство на градот,  ќе реализираме манифестации, програми и проекти кои даваат обележје на Велес и можност за гостување на еминентни уметници од земјава и странство - изјави градоначалникот Аце Коцевски.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »