речник контакт

Калемење на дива круша

Нови 200 диви круши годинава се калемени. Ланските години зафатеноста до 90 отсто

Петар Печков

 Во организација на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството РЕ Велес и Општина Чашка изведена е акцијата за калемење „ Пролет 2012“ . Акцијата ја спроведоа стручните служби од РЕ Велес, Кавадарци, Неготино, Скопје во мeсноcта викана Долги рид. 

  За да се подигне информираноста а воедно и значењето за калемењето, акцијата ја посетија и ученици од ООУ „Тодор Јанев “  од населба Чашка.  Тие имале  можност на лице место со трите стручни тима да добијат информации за начинот и постапката на калемење на дивата круша.

Од спроведената акција во 2010 се накалемија 1800, а во 2011  1600 дрвца.   Зафатеноста на калемите  овие две години е над 90%.  Со годинашната акција, успеавме да се зголеми бројот за нови каламени 200 круши со околку 500 калем гранки – изјави Тони Тасков од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството РЕ Велес.

Акцијата има за цел  на давање на советодавни услуги и остручување со практична обука за калемење на дивите круши,  поддршка во развојот на природно органско произвоство во руралните средини, искористување и промовирање на можностите за рурален развој и еко - селски туризам во овој регион.

Преку оваа акција на калемење на дива круша локалното население од  Општина Чашка како рурална  средина има можност да добиваат  плодови за храна, плодови за на пазар,  со што се развива и локалниот економски развој.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »