речник контакт

Калиопи снимаше спот во куќата на Рацин

Калиопи изминатите денови во Велес го снимаше видео-спотот за нејзиниот нов сингл „Грев“ музичка тема од филмот „Елегии за тебе“ посветен на поетот Коста Солев Рацин.

Петар Печков

Калиопи изминатите денови во Велес го снимаше видео-спотот за нејзиниот нов сингл „Грев“ музичка тема од филмот „Елегии за тебе“ посветен на поетот Коста Солев Рацин.

Нумерата треба да ја најави промоцијата на филмот, која се очекува за средината на месец јуни.

\"\"

Спотот го работеше истата екипа која го работеше и филмот, режисер и сценарист е сопругот Васил Зафирчев додека „Грев“ е во продукција на „Нет Студио“.

Истовремено се снимаше и хрватската верзија, која ќе се најде на албумот на Калиопи кој за тамошниот пазар ќе излезе во ноември под етикетата на „Аквариус рекордс“.

\"\"

- Комплетната музика за саундтракот е моја, повеќето е инструментална. Ова е мое прво искуство со филмската музика. Иако досега работев музика за театар и балет ова е нешто ново. Во создавањето на музиката, која ќе нема многу допирни точки со тоа што досега го работев, многу ми помогна Васил Зафирчев а работевме по терк на Холивудските проекти - изјави Калиопи.

Спотот се снимаше на неколку автентични места во Велес, куќата на Рацин, куќата на Касапови и на Железен мост.  

Пред две години, таа заедно со Васил Зафирчев спотот од „Пурпурни дождови“ го снимија во стариот дел на градот во автентична велешка архитектура. Калиопи вели дека тоа ја инспирира, посебно фактот што пее за Рацин и снима во неговата куќа. 

\"\"

Музиката и текстот за „Грев“ се на Калиопи а песната е снимена во студиото на Димитрови.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »