речник контакт

Камерите од „Безбeден град“ поврзани во системот, тој може да функционира

Градоначалникот Колев побарал уште две нови камери на две фреквентни улици

Петар Печков


Викендов привршија работите за ставење во употреба на камерите од „Безбеден град“. Ангажираната фирма ги поврза камерите со системот и тие можат да се користат.

Најавите беа дека „Безбеден град Велес“ ќе започне со работат од 15 јули. Во градовите каде тој функционира, претходно МВР ги информираше граѓаните дека системот работи. 

Градоначалникот Марко Колев најави дека освен постојните, побарал да бидат поставени уште две камери како дел од безбедносниот систем. Едната на ул. Благој Ѓорев, на угорницата кај „Вел сити“ над Касарна и втората на ул. Димитар Влахов карши поранешниот хотел Вила Зора. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »