речник контакт

Камион се преврте, за малку не заврши во бензиската

Среќна околност е што не удрил во пумите со гориво

Петар Печков

Камион  полн со отпаден метал се преврти кај бензинската пумпа на Макпетрол, на влезот од Велес, од правец на Штип. Инцидентот се случи околу 15  часот на т.н. Штипско џаде кога камион  марка ,,ивеко,,, полн со метал кој го пренесувал за откупен центар се превртел.

Среќна околност  е што нема повредени, иако фреквенцијата на овој дел од патот е густа. Згора на тоа камион за малку ги промашил пумите за гориво, со што можело да дојде до поголем инцидент. Но затоа имаше големо количество на истечено масло, поради што екипата на Противпожарната единица мораше да го пере асфалтот со пена.

Ова крстосница е тешка за совладување, поради што локалните власти се обидоа да го регулираат сообраќајот со кружен тек, но тоа од сообраќајната инспекција беше отфрлена.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »