речник контакт

Камион удри во автобус, 20 лица повредени (фото)

Сообраќајката се случи во 13ч. на кривината -црна точка, на делницата помеѓу Мамутчево и Каратманово

Петар Печков

Напладне околу  13ч. се случи сообраќајка  близу Велес, на магистралниот пат Велес- Штип, кај црната точка помеѓу Мамутчево и Каратманово .  Во сообраќајката учествувале автобус  кој превезувал работници и камион ладилник.  Повредените патници се пренесени во велешката болница.

 Околу 14ч. на хируршкото одделение донесени се 20 повредни патници од сообраќајка.  12 од нив се амбулантно третирани додека 8 лица се со полесни повреди. Нивната здравствена состојба се следи и се вршат претраги. Нема патници кои се во животно загрозувачка состојба - изјави портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес Весна Лазаревска. 

Повредените биле згрижени со две амбуланти возила на велешката Итна помош, а дел од повредените пренесени се со приватни возила до Болница.  Сведоци на сообраќајка велат дека е избегнат директен судир со катастрофални последици.

 Автобусот од Велес возеше кон Штип а камионот во правец од Штип кон Велес.  Местото е во кривина и камионот - ладилник  прејде на другата лента, автобусот бегаше, бегаше и избегна за влакно. Малку требаше да удри директно во него, ќе беше катастрофа, вака мина со малиот ѓавол - вели очевидец на сообраќајката. 

СВР Велес ја потврди сообраќајката и портпаролот Верољуб Додевски кажа дека на лице место се нивни екипи. Кажа дека во сообраќајката учествувал автобус со штипски регистарски таблички кој превезувал работници за Ван Хол и камион влекач со скопски регистарски таблички.  Повеќе информации најави за подоцна.

фото посетители на ТрМр 

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »