речник контакт

Кампањата на СВР Велес „Градиме пријателство-создаваме безбедност“ (фото)

Целта била превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и од измами врз постари лица и пензионери

Петар Печков

Hа повеќе локации во Велес, била спроведена превентивна активност во рамките на кампањата на министерството насловена  „Градиме пријателство-создаваме безбедност“. 

Целта била  превенција од имотни деликти, со посебен акцент на превенцијата од џебни кражби и од измами врз постари лица и пензионери.

„Оваа превентивна активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, на кои полициски службеници им укажуваа како да се заштитат, односно што да преземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела“- соопштија од МВР.

Реализирана е  од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес.

фото МВР

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »